10 oсновни чекори до успешно изведена контактна фасада со камена волна

1. Контрола на подлогата

  • Визуелна метода и метода на “тропкање”
  • Meтода со натопување
  • Pull-off тест
  • Проверка на израмнетоста на подлогата

2. Поставување на почетниот профил и, ако е потребно, на дистанцер за правилно поставување на профилот

  • Почетен профил
  • Дистанцер на почетниот профил

3. Лепење на изолациските плочи од камена волна

  • Задолжително ободно и точкасто лепење
  • Контрола на вертикалноста
  • Правилно поставување на плочите на аглите (по принципот на “чешел”)

4. Поставување на плочите околу отворите

  • Посебно внимание треба да се посвети на местењето на плочите околу сите отвори така да не се поклопат линиите на отворот со рабовите на плочите од камена волна (сѐ со цел спречување на појава на пукнатини)

5. Tиплување на плочи

  • Плочите од камена волна задолжително се типлуваат, со типли со челичен клин на некоја од препорачаните шеми за типлување.

6. Аголни лајсни, дијагонална арматура

  • Сите агли на објектот, како и отворите обработете ги со соодветни Knauf Insulation лајсни (аголнa, oкапнa и контакт лајсна)
  • Посебно да се вгради дијагонално арматурата (парченца од мрежичката мин.20*40 cm) на сите агли на отворите.

7. Aрмирачки слој од лепилото и вградување на стаклената мрежичка

  • Со назабена глеталка се нанесува првиот слој од лепилото
  • Во свежиот нанос ја ставаме Knauf Insulation стаклената мрежичка така да таа остане во надворешната третина од лепилото. Минималниот преклоп на мрежичката изнесува 10 cm.

8. Слој на лепило за глетување – II рака лепило

  • Се нанесуваат II слоја од лепилото со које ја глетуваме фасадната површина и ја подготвуваме за нанесување на завршните фасадни малтери.

9. Нанесување на подлога (прајмер) зa декоративен малтер

  • Нанесуваме соодветна подлога (прајмер) со валец и го подготвуваме ѕидот за нанесување на завршниот малтер.

10. Нанесување на декоративниот завршен слој – фасаден малтер

  • Се препорачуваат завршни декоративни малтери на база на силикатен, силикатнo-силиконски (Si-Si), силиконски или минерален врзувач, a никако не се препорачуваат акрилни малтери.