Дали инвестирањето во термофасада навистина се исплати?

Ако е вашата куќа меѓу 100.000 слични во Македонија кои немаат никаква изолација, преку годината со соочувате со поголемиот дел од следниве проблеми:

Студ во просториите кои се загреваат во зима.

Иако греете само половина куќа, ве прогонува чувството дека не е доволно топло, додека сметките за енергентите од година во година стануваат сѐ поголеми.

Брзо ладење по престанокот на греење.

Само неколку часа откако сте го исклучиле греењето, температурата во просториите што се грееле не се разликува многу од надворешната.

Честопати забораваме дека изолацијата треба да не штити не само од студот во зима, туку и од прекумерната топлина во лето.

Неизолираните и слабо изолираните надворешни ѕидови и дозволуваат на топлината брзо да навлезе во внатрешноста на објектот, правејќи го престојот во куќата во летните денови и ноќи неподнослив.

Колку пати сте слушнале: направивме изолација на куќата, ги заменивме старите прозорци со нови, кои одлично дихтуваат, и во грејанта сезона, шок: на ѕидовите се појави мувла!

Како е можно тоа?

Пареата која се создава од секојдневните домашни активности не успева да ја напушти просторијата и доаѓа до појава на кондензација, која е идеално живеалиште за габи и мувла.

Во дождливиот период неизолираните и слабо изолираните ѕидови впиваат многу повеќе влага и се шират, а во сушниот период ја губат влагата и се собираат. Тој процес доведува до појава на пукнатини во ѕидовите и во малтерот.

Зошто фасада со камена волна?

Oдлуката на објектот да се вгради контактна фасада (во секојдневниот говор познат е и терминот “демит фасада”) секако во секој поглед е сериозна одлука, а пред сѐ во финансискиот, затоа што бара вложувања кои и за помалите индивидуални објекти се значителна ставка за домашниот буџет.

Токму поради таа причина потребно е добро да се размисли и на сеопфатен начин да се пристапи кон изборот и самата одлука за видот и квалитетот на компонентите што ќе ги вградите на својот објект.

При одлучувањето за изолацискиот материјал имајте ги предвид следниве факти:

Еднаш во животот

Контактната фасада се прави еднаш во животниот век на објектот – затоа треба да изберете долготрајни материјали кои го овозможуваат тоа.

Комплетно решение

Покрај топлинската изолација во зима, размислете и за топлинската изолација во лето, звучната изолација, како и за заштитата на објектот од пожар.

По вградувањето

Пожелно е по вградувањето на изолацијата ѕидовите да “дишат” – да има непречен проток на воздух од внатре кон надвор, за да не дојде до создавање на мувла и габи.

Доколку Ви се важни сите наведени аспекти за квалитетна фасада, единствено со камената волна добивате…

Заштита oд студ и од брзо ладење на просториите по прекинување на греењето.

Камената минерална волна е врвен топлински изолатор кој обезбедува удобност задржувајќи ја во зима топлината во внатрешноста на куќата.

Заштита од прекумерна топлина во лето.

Камената волна има таква густина и структура да задржува големо количество од топлината во себе подолго време, и не и дозволува брзо да навлезе во внатрешноста на објектот.

Намалена потрошувачка на енергентите за греење и ладење, со самото тоа и помали сметки.

Правило е контактната фасада со камена волна самата да се исплати преку заштеда на сметките за енергенти во рок од 4-5 години!

Суви ѕидови што "дишат".

Камената минерална волна е паропропустлива, што значи дека овозможува непречено минување на водената пареа од внатрешноста на објектот во атмосферата, со што се спречува ризик од кондензација и од мувла.

Oдлична звучна изолација на ѕидовите од надворешната бучава.

Гласниот сосед и бучавата од автомобилите од улицата повеќе нема да бидат проблем. Ви останува само да уживате во Вашето топло и мирно катче.

Максимална заштита од пожар.

Плочите од камена минерална волна FKD-S Thermal имаат највисока класа на реакција на пожар - A1, што значи дека се негорливи! Високата точка на топење на камената волна од преку 1000°C нуди најдобра сигурност во случај на пожар.

Пријатна микроклима во домот.

Познато е дека куќата заштитена со фасада го спречува непријатното чувство на незагреан ходник или купатило, затоа што температурата на сите простории станува оптимална во сите годишни времиња, што значително ги зголемува удобноста и квалитетот на животот.

Природен и долговечен материјал.

Камената волна составена е од влакна од минерално, природно потекло, а фасадата со овој материјал ќе трае колку и животниот век на објектот.

Составни делови на контактната фасада

Покрај камената минерална волна, системот на контакни фасади составен е и од лепила за лепење и армирање на волната, типли за прицврстување на волната, мрежичка за армирање и завршен декоративен слој.

Со оглед на квалитетот и на посебните карактеристики на камената минерална волна, потребно е и останатите материјали во системот на контакната фасада да бидат компатибилни и подеднакво квалитетни, за да се обезбеди долговечност на целиот систем.

или

© Copyright - Камена волна 2016