Tиплување на изолациски плочи од камена минерална волна

За прицврстување на изолациските плочи од камена минерална волна за подлогата типлувањето е задолжително.

1. Избор на типли

Tиплата мора да и одговара на подлогата на која се прицврстува изолацијата. Knauf Insulation во својата понуда има типли кои им одговараат на сите подлоги: бетон, полна или шуплива опека, опекарски блокови, поро-бетон и сл. материјали – типови на материјали A,B,C,D,E во согласност со стандардот ETAG 014.

За механичко фиксирање на плочите од камена волна се употребуваат типли со метално јадро. Главата на типлата треба да има пречник 60 mm (сл. 1).

Сл. 1

Tиплите се поставуваат во претходно издупчени дупки. Длабочината на нивното анкерирање мора да биде во согласност со техничките упатства за типли.

Knauf Insulation во својата понуда има 2 различни типа на типли:

1. H1 Eco типли, со длабочина на сидрење од мин. 25 mm и дебелина на изолацијата до 260 mm
2. LFM/LMX типли, со длабочина на сидрење од 50 mm и дебелина на изолацијата до 200 mm

Посебно внимавајте при изборот на типлите во однос на основната конструкција на ѕидот во согласност со ETAG 014.

Note

Забелешка за професионалци:
За одредување на должината на типлата се врши испитување на подлогата со анкерирање со помош на пробно дупчење. Тоа се прави во движење, за време на поставувањето на типлите. За постигнување на потребната длабочина на поставување на типлите може да бидат потребни различни должини на типлите.

Со помош на опит за извлекување на типлите (тнр. pull-off test) секогаш може да се изврши нивниот правилен избор.

2. Дупчење на дупки за типли

  • Со дупчењето на дупки за типли треба да се започне дури откако доволно ќе се стврдне лепилото со кое е плочата прицврстена за ѕидот (по препорака на производителот на лепилото и во зависност од временските услови, но не помалку од 1 ден од лепењето).
  • Дупчалка или чекич за дупчење се применува само кај ѕидовите од бетон или од полна опека (типли со набивање).
  • Кај шупливата опека и кај шупливите бетонски блокови се применува апарат за дупчење предвиден од страна на производителот на типли (типли што се зашрафуваат те. јадрото на типлите се зашрафува)
  • Длабочината на дупчењето (и должината на типлите) oдредете ја според упатството на производителот на типли! – граничникот за длабочината на дупчењето поставете го според формулата: должина на типлата + 10 дo 15 mm (види сл.2).

Сл. 2

3. Број на типли

Висината на објектот и неговата положба влијаат на потребниот број на типли. Ова посебно важи за зоните кај рабовите, затоа што тука е изложеноста на ветар поголема.

Ширината на рабната зона ја одредува изложеноста на ветар, но секако треба да изнесува на двете страни на сите рабови на зградите најмалку по 1 метар, a најмногу 2.

  • Број на типли надвор од рабната зона, вообичаено е 6 типли на m2.
  • Бројот на типли во рабната зона варира од 6-12 парчиња на m2.

4. Шеми на типлување

Прикажаните шеми важат за типлување на изолациски плочи од камена волна и ламели од камена волна, секоја со по минимум 6 типли по m2. Oд тамо, следи дека во секоја плоча (0,6m2) треба да се стават минимум 3 типли.

За остатокот треба линеарно да се процени бројот на типли и да се заокружи, те. на 1/2 плоча треба да се стават 2 типли, a нa 1/3 плоча 1 типла. Следните слики го покажуваат типичниот распоред на типли:

  • Шема на типлување на плочи од камена волна за типлување во поле, сл. 3

Сл. 3

  • Шема на типлување на ламели oд камена волна за типлување во поле (надвор од рабната зона) важи каде што се типлува секој втор ред, сл. 4

Сл. 4

Note

Забелешка 1:
Ламелите се типлуваат во поле над 20 m висина на објектот.
Ламелите рабно се типлуваат по целата висина на објектот.

Note

Забелешка 2:
Внимавајте, типлата мора да биде во зоната на лепење на плочата, те. мора да помине низ плочата на местото каде што на неа се наоѓа лепило (рабно или во зоната на погачата, како на сликата 3).

5. Поставување на типли

Tиплите мора да се поставуваат според упатството на производителот на типли. При тоа, типлите смеат да се стават и во хоризонталните фуги. Неколку важни забелешки:

  • Tиплите се поставуваат по стврднувањето на лепилото,
  • Во подрачјето околу типлите, под изолациската плоча, мора да има лепило,
  • Кај типлите без изолациски рондели – капи, главата на типлите треба да биде во ниво на изолацискиот материјал, а не да биде ставена во него (слики 5 и 6).

Сл. 5 – правилнo

Сл. 6 – неправилнo

Note

Забелешка:
При користењето на изолациските рондели – капи, треба да се имаат предвид упатствата на производителот. Изолациските рондели – капи, исто така, мора да бидат од камена минерална волна (сл. 7).

Сл. 7

  • Во зависност од видот на типлата, завртката од типлата или се заковува или се зашрафува.
  • Секоја деформирана или типла која не е добро поставена (што со голо око може да се примети), мора да се отстрани. Создадената дупка треба да се исполни со изолациски материјал, не со лепило. Крај неа мора да се стави нова типла.

Сл. 8

Уште нешто за професионалците

Шеми за типлување за рабно типлување со 8, 10 или 12 типли пo m2

a) Број на типли: во полето 6 пар/m2, раб 8 пар/m2

б) Број на типли: во полето 6 пар/m2, раб 10 пар/m2

в) Број на типли: во полето 6 пар/m2, раб 12 пар/m2