Подлога за лепење на изолацијата – видови на подлоги и работи кои претходат на поставувањето на изолацијата

Подлогата игра многу важна улога кога се работи за успешна реализација на системот на контактната фасада со камена волна, но за жал на истата не и се посветува доволно внимание.

Ги разликуваме следниве видови на подлоги:

1. Нови немалтерени подлоги од

  • опекарски  производи (полни и шупливи цигли)
  • бетон
  • полни или шупливи блокови
  • поробетон
  • производ подлога на база на дрво

2. Постоечки објекти и/или постоечки измалтерени подлоги

Aко сакаме да поставиме изолација на веќе постоечки измалтерен објект, или на објект кој има фасада, проверката на подлогата е од крунцијална важност.

Во зависност од самата ситуација на објектот, користиме некоја од следниве методи за проверка:

  • Визуелна метода

Служи за проценка на видот, карактеристиките и составот на подлогата, а посебно на нејзината влажност или на пукнатините.

Подлогата не смее да има кршливи, неврзани делови ниту пак пукнатини. Доколку тие сепак постојат – мора да се отстранат и санираат со малтерисување пред почетокот на работите на изведување на термофасадата.

Исто така, подлогата мора да биде комплетно сува – токму поради тоа се препорачува изработка на термофасадите во есенскиот период, затоа што се смета дека во текот на летните месеци евентуалната влажност од ѕидовите исчезнува.

  • Teст со тропкање

На повеќе места на фасадата тропкајте со цврст предмет (рачка од шрафцигер или шпахтла), за да се испита цврстината на подлогата.

Доколку фасадата “ѕвони”, потребно е тие делови да се отстранат затоа што не се прилепени за подлогата.

  • Teст бришење со дланка

Со рака или со црна крпа се испитуваат наслагите од прав.

  • Teст со гребење

Со цврст остар алат испитајте ги цврстината и носивоста на подлогата, не смее да има слабо врзувачки делови и нечистотии.

  • Обид со натопување

Подлогата се премачкува со мокра молерска четка поради испитување на способноста за впивање; кај зголеменото впивање се препорачува употреба на соодветен акрилен премаз, како основна подлога; истиот премаз служи и за санирање на вишокот од прашина.

  • Проверка на рамноста на ѕидот

Со мерна летва (израмнувач) се врши контрола дали ѕидот отстапува од вертикалната рамнина; во праксата се толерира отстапување од ±1cm нa 3m должна на ѕидот.

Секое поголемо отстапување мора да се регулира со класично малтерисување, а не со додавање на поголема дебелина на лепило при лепењето на плочита од камена волна.

Moжеби сите овие активности ви делуваат непотребно, но истите се многу важни за долготрајноста и квалитетот на фасадата.

Инсистирајте кај вашиот мајстор да ги спроведе пред почетокот на работите, тоа, меѓу другото, ќе ви биде одличен тест за тоа дали сте го избрале вистинскиот мајстор.