НАПРАВИ САМ – Лепење на плочите од камена волна

По испитувањето на подлогата (видете совет број 1: Вид на подлога за лепење на изолација) и по санирањето на евентуалните недостатоци, можеме да пристапиме кон нанесување на лепилото на плочите од камена волна.

На нашиот пазар постојат голем број на производители на лепила. При изборот важно е да се определите за оној кој во понудата има материјали наменски направени за камена волна.

Секој производител на лепила издава упатства како се меша и нанесува лепилото. Ние ви го претставуваме најчестиот правилен метод за нанесување на лепило, а тоа е методот на рабни ленти со погачи во средината.

1) По обемот на плочата – 5cm широка лента на лепило
2) На средина на плочата – минимум три погачи од лепилото со дијаметар од околу 15cm

Совет: Се препорачува, пред самото нанесување на лепилото да се направи тнр. импрегнација на плочата, што значи да се нанесе тенок слој од лепилото на местата каде што ќе се нанесат рабната лента и погачите.

Количество на лепиломинимум 40% потребна контактна површина на плочата и ѕидот.

Совет: плочата задолжително рамномерно прицврстете ја со целата површина за подлогата. Доколку не го направите ова, или доколку нанесете лепило само по краевите или само во погачите, подоцна на плочите може да дојде до појава на еден од следниве ефекти:

Ефект на перница – кога е надвор топло

Ефект на душек – кога е надвор ладно

Лепење на изолациските плочи

По правилното нанесување на лепилото, поставете ја плочата на ѕид, и тоа од почетниот профил (доколку постои), или од врвот на цоклето, во редовите од долу нагоре.

Следниот ред поставете го смолкнато во однос на претходниот за половина од должината, минимум 30 cm смолкнување на плочата. Израмнетоста на надворешните површини проверете ја со летва со соодветна должина.

Плочите секогаш ставајте ги залепени една до друга како не би се создавале фуги меѓу плочите од камена волна. Во случај сепак да дојде до создавање на фуги со ширина од преку 2mm, исечете тенки ленти од камената волна и вметнете ги во зазорите, затоа што лепилото никако не смее да навлезе во фугите меѓу изолациските плочи.

Обидете се да поставувате само цели изолациски плочи. Ако имате остатоци од плочите, на површината од ѕидот можете да ги поставите само доколку се поголеми од 15cm, додека на рабовите од зградите препорачуваме поставување само на цели и на преполовени плочи и тоа во наизменичен распоред, тнр. чешел.

При сечењето на парчињата користете нож за камена волна за да ја исечете правилно, затоа што мора да се внимава на одржување на правите агли.

Совет: oколу отворите се врши кроење и поставување на цела изолациска плоча за да се избегне совпаѓање на линиите на отворот со линиите на спојките од таблите.

Доколку не се направи кроење на целата плоча, на ова место готово сигурно ќе се појави пукнатина во слојот на завршниот малтер.

Неправилно

Правилно

Доколку е отворот поставен така да е столаријата вовлечена во однос на нивото на фасадата, поставете го изолацискиот материјал во дебелина од најмалку 3cm на шпалетниот дел.

Шпалетна

Плочите на рабовите од зградите поставете ги така да цврсто се прилепат на подлогата и спојките од плочите да не го поминуваат работ на фасадната површина.

Oчекувајте наскоро совети во врска со типлувањето на плочите од камена волна.